МОЖЕЊЕ



(не сум сигурна за имево,прво беше ,,допуштање,,)

 

Од кога се немаш

Помочано од радост

О дете,

Изгубено во својата потсвест.

Имале  право  Грим

За Црвенкапа,

Нејзе дека  ја изел

Волкот-страв.

Излези дете на видело

Да те видам-да се видиш

Оти во темното нема ништо,

Светлината е само.

Ти дете,не плаши се

Слободно помочај се од радост

Никој не ќе те дознае.

Играчките ти ги чуваат

Уште ,

Во ќошот,

И куклата со подшишани шишки.

Од боите нивни обој го светот

О дете.

Трчај после,претрчај го

Таков шарен

Со широки раце за прегратка

И мочај од радост кај ќе стигнеш

Дете.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa