МОЈАТА ТАТКОВИНА


 

 
 
 
 
На денот на независноста

Татко ми традиционално се јавува.

Си спомнуваме за ручекот

Кој што јадел

Си посакуваме ,,наздравје,,

И се смееме

За некоја секојдневна анегдота.

Тој честита

Со свечен тон,

Целиот обоен со достоинство и радост

МАКЕДОНИЈОСРЕЌНОИВЕЧНО

И покрај тоа што

Во истата,

Работи седум дена во неделата,

На секој празник,

Измолува едвај годишен одмор

И прима плата во ситно,

Се осмелува на ЉУБОВ

Татко ми...

Е мојата татковина


 

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa