МИ ОЛЕСНУВА


Рано го погребав генијот

Во себе си,

Но долго тагував по него.

Ослободена сум од тагата и генијот

И сега не сум ни птица

Ни стрела

Ни цел

Само сум лет,

Кој плови со облаците.

Во мене се сите со кои сум се сретнала

Макар и на пешачки премин,

И јас сум во нив.

Времињата се заборавени

Но она кое е споено

Неможе да биде разделено.

Се сеќавам

Ни ги тргаа ушите нагоре

И ни викаа ,,големи да пораснете,,.

Си велев

Кој знае до кај ќе раснеме,

Па правев планови

Да се мерам со највисоките врвови

И од таму со лесно да дофаќам облаци,

Над нив потоа да поминам

И да рипам да скокам

Како врз јоргани

Колку ми душа сака.

После мислев ќе може

Да се мине од небо до небо

До кај деветтото да се стаса

И да се пробие небесата

Да се надмине телесата

....мислев

Да се исцели..

Значи нешто да стане цело

Кое било времено разделено

И сега се соединува

Еднее

Едно станува

Шушкам со хартивчето

Кога го одмотувам

Бонбонот,,слатка тајна,,

И ја будам потсвеста

Му се навраќам на минатото

Како на забранета тегла

Слатко

Која баба ја чуваше за пред луѓе

И крадам од смоквите

Со сласт и страст

Растам како тесто со квас

Мека мекичка сум

Од мечти заборавени

Во подрумот..

Вадам се по некоја дребулија

И ја дуфкам како трепка

Падната на образ

Замислувам желба

И ја пуштам да летне

Ви велам,јас лично присуствував

На погребот на мојот гениј

Небеше толку страшна смртта

На генијот во мене

Како тагата по него

Која се растегна како армоника

Со највисок тон.

Тагата излезе како сопка

Да не го фатиме тој залет

За над-облачието

И како замрзната снимка на маратонец

Кој останал на смиот старт земајќи залет.

 

Ми се шири срцето како ширина

Неможам да речам ме боли

Штом ќе ја видам болката

Викам ахххх....

И ми олеснува
 
 

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa