преобразивање на умот


Запознај ја природата на својот ум

Или како што викаше натписот

на делфискиот храм

,,спознај се самиот себе си,,

Е една цивилизациска задача

На која

Одговорот и бега

Како на змеј

Кој сака да си го гризне опсашот

А кога ке го има меѓу забите

Дознава по болката

Дека тоа е дел од неговото тело

Така и умот

Кој се гони самиот себе

Прави поделби

Ходници и лавиринти

Најчесто скриен во измислениот

Фолдер,,потсвесно,,

Си наоѓа оправдување и

Купува време

Да си признае дека

Тој ги измислува

Германците и партизаните

Индијанците и каубојците

Нашите и вашите

Тој кој прави проблем

И оној кој го решава

Светлата точка во која

Себе си се открива во трилерот

Е гога престанува двојството

И целиот ум

На драга воља

Се нарекува срце
 
illustration:daria petrilli , in the garden of good and evil

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa