СЕ-МОЖНО(А)-СУМ
Имам невидливи долги раце
Колку да можат
Да ја прегрнат планетата
И да берат свежи ѕвезди
од небото
За да ги всадувам
Во срцата на сите
Со кои се сретнувам
Патувајќи по бескрајот
Се смалувам толку
За да ги шпиунирам
Клетките кога се множат,
И да им влезам
Со осмоза преку
мембраната
Сама ја форматираам
ДНК-та
Лизгајќи се по неа како
на тобоган
Кога пак мижам
Го следам здивот
По неговиот дишен пат
И со остар поглед
Ги пукам мислите ко
балони
За да останам во
без-мислието.
illustration:dan-ah-kim
illustration:dan-ah-kim
Коментари
Постави коментар