КРИСТАЛНО ,,ТЕ САКАМ,,
Толку е јасно тоа
Дека те сакам
што самото е проѕирно
Како стакло.
Се гледа преку него се,
Јасно.
Можеш да го ставиш
Како прозорец
И низ него јасно да го видиш светот,
Без дамки и флеки,
Без деформации.
Низ тоа ,,те сакам,,
Можеш совршено
Да ги гледаш сите нешта и луѓето
Во нивната идеалност,
Без да се изморуваш од приметување фалинки .
Тоа кристално ,,те сакам,,
Е филтер за болката ,
преку него ќе го спознаеш безболот.
И со него ако толку
се соживееш
Самиот стануваш,,
Тоа ,,те сакам,,...
Коментари
Постави коментар