спогодба



 Го прифаќам секој ден како расказ,
на кој му се воодушевувам додека го читам,
без да сакам да сменам ниту една буква од него,
го голтам читајќи.......
За поголема јасност на ефектите
замижувам
и ѕиркам во внатрешноста.
За да видам појасно
најпрвин молчам
и гледам како
летаат мисли во облик на слики.
Потоа одам понатаму
и гледам како
диши само од себе.
Потоа одам уште понатаму
и влегувам
во пространството на изобилие
и одбирам слика-сон
која ке ја покажам штом ке ги отворам очите.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa