субота, 01. новембар 2014.


ОДНОВО


Некој сум

Кој се шета покрај оваа река.

Некој кој се чеша

По студениот образ,

Кој молчи,

Рамномерно чекори.

Некој кој ги загледува

Овие карпи

И им кажува

добровечер.

Кој си замислува желба

Кога ќе види како се пали

Првата улична светилка.

Некој кој

Одоко погодува

Колку чафки има на тополата,

Кој трепери заедно

Со последните лисја на гранките.

Некој кој диши

И ги слуша сопствените стапки.

Некој кој не се препознава самиот

За одново да се запознае

Како  нов непознат

Сега откриен некој

Кој си кажува срдечно здраво

.....себе си



Photography: GREGOIRE ALEXANDRE
 
 

 

0 коментара:

Постави коментар