Ветерот влегува низ балконската врата
а излегува низ прозорецот
и обратно...
го викам тоа галење
со Се-то
...
Настанот музички е поддржан од штурец
кој бавно штури
а за осветлувањето се погрижи ноќта
со сите звезди и месечината.

Благодарност до сите кои присуствуваа
сочувствуваа
и со-галуваа
со нас оваа ноќ.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa