ПОСТОИ САМО ЕДЕН МИГ.....ОВДЕ И СЕГА

Ослободени атоми немир
се врзуваат
со кислород од воздухот,
на балкон,
додека се пие кафе.
Утринска прошетка
на кучиња во паркот
и дресура на дете-робот...
ајде-да-не-ваму-таму
ајде бе бабино......
Поглед фрлен
врз цвеќе
лови микрокосмичка слика.
Mравки кои
исто така,
"како и сиот нормален свет"
ја прават
својата утринска прошетка,
долж и попреку стеблото
на жардињериско цвеќе.
На работ на некој цвет
каде се мешаат нијансите
од потемно и посветло розево,
уловен е миг....
истиот оној од секогаш .


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa