ПРОМЕНА




Шушка нешто во близина,
се врти нов лист
од книгата на животот...
Варијанти на смислени реалности
минуваат на екранот,
сликата е се појасна...
Чистење на комуникацијата
како сувенири од плакарот
на некое заборавено време,
беззначајни,
собрани во кутија
и однесени во фабрика
за рециклажа.
Јасност...доведена
до точка на читање без вовед....
директно од изворот
Умот-чист  инструмент
за производство
на свежа сегашност
богата со хлорофил,небо,светлина и насмевки.





Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa