уторак, 17. јул 2012.


СИТЕ СЕ ЕДНО, ЕДНО Е СЕ

Се разминуваат,ретко,
непознатите состанари
во зграда,
како две паралелни прави
на една замислена рамнина,
кои никогаш
нема да имаат
заедничка точка
до бесконечно....
Сосем неуверливо.......
Мириса манџата
на сосетката во собата,
и допирот од влезната врата
на зградата
се пренесува од рака на рака,
и птицата се храни
со трошките од сите балкони,
и сите слушаат
иста музика за викенд,
од маалската кафана,
сите испаруваат заедно на жегата,
сите ја внесуваат истата адреса
во своите лични податоци.... 
Сите се едно
едно е се.


art by Andrea Wan


1 коментара:

Постави коментар