недеља, 12. август 2012.


ЖИВОТ СО ПОГЛЕД

Кога интернетот е толку бавен
што пораките стасуваат 
после неколку часа, 
на телевизорот има само една програма,
ама затоа погледот е неограничен
планина
позади планина
позади планина
позади планина....
Тука.... во тишина,
облаците патуваат,
ветерот свири, 
козарот ги брка козињата.
Тука возот кажува колку е часот,
а комбето за леб, кој ден е...
Тука будење,тука дишење...
Лета сокол
врз воздушен столб,                                                                                   
од високо,
гледање,гледање,гледање....
Тука е секаде
а сега и овде е...






















lalulutres: The Night’s Long Journey -Cristie Henry 
photos from the portfolio of Germanovich Vladimir

0 коментара:

Постави коментар