понедељак, 27. август 2012.


ВРВНА ТЕХНОЛОГИЈА ВО РЕ-ДИЗАЈН НА РЕАЛНОСТ

Мала слика
на доживеано чувство,
патува низ сеќавањето
како птица
која секоја година
оди на југ
и секогаш се враќа
во старото гнездо.
Таквото повторување
произведува
извесна количина привид
колку да се падне во очај...
Како пајажина од таванот,
се спушта мисла,
да го улови натрапникот...
Еден зрак на светлина
кој ја прекинува низата на сеќавања
и ја трансформира
реалноста
во друг облик
кој е избран во каталогот
на бескрајни можности.
Ваквата врвна технологија
на трансформација на реалноста
истовремено
е футуризам
во ерата на купување
плацови на Марс
и вообичаеност во
безвремените зони
на планетава.






0 коментара:

Постави коментар