понедељак, 04. март 2013.


УЧИТЕЛОТ СЕНКА

Се скаравме со Платон.
Му реков
или да ми го покаже
Светот на Идеите
или
ќе ја напуштам академијата.
Се најде во тесно,
свесен е дека
Аристотел му ги зема
сите ученици,
и ми призна
дека
и тој за Светот на Идеите
слушнал од други,
никогаш не бил самиот.
Чесно од негова страна.
Од секогаш знаев
дека филозофите
ја ре-имислуваат вистината,
и дека и тој и самиот
е нејзина сенка.
Веројатно ке го напуштам.
Учителот е внатрe,
во секого,
надвор се сенките.

 art by:Richard Bram - "Silvia Willkens"


0 коментара:

Постави коментар