МИГОТ

Да се спакува мигот-спокој,
во кутивче,
засекогаш
и за во секое време
е маркетиншки трик,
за во зловреме,
за недајбоже,
за пред луѓе.
Ете тоа е замената.
Мигот е продукт на сегашноста,
со еднократна употреба,
без можност
за пренесување во иднината.
Тој е луксуз
на ,,богатите,,
кои немат ништо,
ниту минато ниту иднина.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa