НЕРАМНОТЕЖА НА ЕПИТЕЛОТ

Каде, Каде, Каде брзање?.....
На таблата за влез пишува
,,сврти-овде-сега,,.....
Меѓу жешките
напластени слоеви воздух
во собава,
твоите фрески на ѕидот
и алиштата
кои додека ги ставам на сушалката се суви...
каде да свртам?....
одам ли некаде?....
брзам ли?.....
во место ли стојам?....
Каде се продава карта
за влез во спокојот?
Како во сон во кој забораваш
каде си тргнал...
Како во јаве
во кое мислиш дека си буден ,
а сонуваш.
Целата драма се случува во нашата кожа.
И напуштеност
И прогонетост
И осаменост
Можеби тоа е само нерамнотежа
помеѓу клетките од епителот
оние кои се создаваат и оние кои изумираат....
На таблата за влез пишува ,,сврти-овде-сега,, .....






             
art by Ikenaga Yasunari

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa