СРЕЌНО ВРАБОТЕНА ВО ФАБРИКА ЗА МИГОВИ


Еве еден-сончев,
топол,летен,
...се мешаат звуци...
крај контејнер
баба со торба од пазар...
малечко девојче го носи
својот татко дома,
се враќаат од градинката...
другари возат точаци.

Еве друг-во дворот
седат пријателки
пијат кафе...
брчи мотор
мине ,,старо купувам,,


Еве трет-некој бочно паркира кола...
девојка со многу високи штикли....
парфем..
дедо преминува улица,
мириса на липа...
пиљарата полна со плодови.


Еве четврт,пет..
еве...точакот се врти и ми прави ветерче,
добивам дополнителни дози на воздух...
возиме заедно ко едно
ми вика да свтам лево(не тоа, другото лево)....
подрипнувам од пречникот на тротоарот,
за малку ќе се удрам во жена...
ми летна весникот од корпа
убаво девојче ми го дава....
ветерче ...дишамм...радост...дишамм


Еве.... облачиња со приказни...
брканица зад аголот или крижи-мижи..
мајка вика дете за ручек...
еве....кај да се престане да се слави
животот...еве
среќа....во фабриката за мигови.




Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa