САКАНА

Колку пати треба
да ми каже некој
дека ме сака,
за да се чувствувам сакана?
Илјада?
Милион?
Треба да си го истетовира
моето име
на левото рамо?
Треба да нарача летоци од авион
или да залепи на билборд?
Треба да ми донесе жолти дуњи
среде зимо?
Да прелета преку
седум мориња и седум планини
за да ме ослободи?
Да ме однесе на плоштадот во некој голем град
и среде вревата,
колку гласот што го држи,
да вика:
Александраааа те сакамммм....
колку долго треба да ме држи за рака?
........нетреба ништо.
Се сакам себе си.




Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa