РЕЦИКЛАЖА

Извиткани чувства
од болка,
како стуткани,недовршени
писма од хартија....
парчиња време
и ронки од ручекот
под масата.
Душевна екологија.....
ќе ги собере некој
и ке ги однесе
во контејнер за рециклажа......
Еко тело на безвременоста.
Сегашен момент создаден
од експлозивната моќ на согорувањето
на отровните остатоци на сентименталноста.
Фенг шуи интервенција
во естетската интерпретација
на боди-перформансот.




Collage by Matt Wisniewski using
photography by Derrick Leung.





Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa