ОВДЕ Е КОСМОС

Овде патлиџаните се црвени
праските сочни
дињите медени
сонцето влегува без пардон
низ прозорците.
Некој прави ручек на кујнаската маса
и мириса на сецкано кромидче.
Овде јас свирам блуз
на парце лубеница
додека ме лази мува...
Овде сосетките на балконот готват
и си раскажуваат турска серија
Овде редот не се менува со векови
за да биде "се е во ред"
И баш овде мене ми се откриваат
космичките закони...
Ги гонам со мислите до некаде,
каде испарува невидливо здивот
и капките пот од телото.
Овде едното  преминува во друго...
.....кружи..
ако нека кружи...
Давам капки пот
само да има дожд.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa