понедељак, 24. јун 2013.


ЖЕНАМАЖ

Двапати
имам пробано
да бидам машко
во раните години.
Еднаш мочав стоенката
и еднаш
се бричев со затворена бричалка,
на татко ми.
Си имам замислувано и желба
на трепка
ху-ху
да бидам маж на пет минути
за да видам како е.
Многупати
несакав да сум жена.
Викаше баба ми:
"кога се раѓа женско и стреите плачат"..
Но кога несакав да сум жена,
несакав ни да сум маж.
Маж не ми беше замена
 за ,,недостатоците на жена,,
Тогаш
воопшто несакав да сум.
Маж не ми менува жена
ни жена не ми менува маж.
Не ми стојат наспроти.
Маж и жена ми се заедно,
секогаш едно.
Кога сум,
сум.
И жена и маж сум.
Кога не сум, не сум.
Бидувањето
е
или
не е.

photo:
David Bowie as Tilda Swinton, with Tilda Swinton as David Bowie by Jeff Cronenweth

0 коментара:

Постави коментар