МЕЧТАЕЊЕ.....

Мечтаење
уште во првите тетратки
испишани со
полжавчиња и коси линии.
Мечтаење
во погледот фрлен меѓу две жици
на бандерите,
во чекалната за воз,
во пет минути пред спиење,
во соништата мечтаење.
Мечтаење
во точката на загледаниот поглед,
во скршените садови за миење,
во дремката за време на долгите предавања,
меѓу полиците во библиотеките,
во мирисот дојден однекаде,
во потсетникот со телефонски броеви,адреси и родендени,
во кутивчињата со свиткани ливчиња,
школки од море и малечки фотографии,
мечтаење...
мечтаење....
Мечтаење во малите промени
во распоредот на куќните предмети,
во лавандата ставена во плакарот,
во воздухот кој влегува
преку прозор додека возиш,
во сите празни куфери,
во зачуваните билети,
во прстот ставен на слепоочницата,
мечтаење....
мечтаење.....
мечтаење....
Мечтите се остваруваат...


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa