ПОГЛЕД ПРЕКУ СТОМАКОТ
Кога сум гладна,навечер,
Месечината ми личи на пица
Парче или цела,
Зависно во кој квартал е.
А кога сум сита
Геврекот го гледам
Како универзум
Кој exnihilo
Ме најадува
Ѕиркајќи низ дупката
Како одново се создава.
Замислувам како мириса препечениот сусам
Баш сега кога и давам предност
На природната свежа храна.
Да,секоја и чест
Само она кутивче со спомени
Во фиокарот на мојот
ум
Утрово падна
И се истурија сите слики
со рецепти
Сеќавања и вкусови
Така што и да не сакам
Знам дека ќе ме разберете
Оти,
Гладот е хронична состојба
Која не се лечи ниту со
Пица голема како месечината
А ситоста пак не е ни
ситост
Туку СЕТОСТ
Која геврекот го
гледа
Само како
Совршена форма.
Коментари
Постави коментар