ВЉУБЕНИЦИ

(предсократовци пред и по Сократ)









Чест ми е да ви соопштам,

Луѓе
Едно мое сознание,

Дека дедото на Сократ

Е и наш дедо.
Тој имал обичај

Да се загледува во небото
Со подотворена уста и втренчени очи,

И да извикува восхитено.
Со саати гледал во огнот,

А грутката земја ја бакнувал,
Вдишувал со цела плуќа

И издишувал Благодарност...

После дошол татко му на Сократ

Кој бил исто така надарен восхитник
И благодарник.

Врз сето тоа наследство
Од изречени благодарности

И воскликнати воздишки
Дошол Сократ

Кој се удостоил да го испие отровот
Како чаша еликсир

Знаејќи дека по него

Ќе се раѓаат уште безброј такви
Како дедо ми Ордан овчарот

Кој додека ги пасел овците
И свирел со шупелчето

Во друштво на славеите
Си мирисал росна трева

И си ги галел ливадите
со млади пупки и цутови

и ете после татко ми
расен вљубеник во животот

јас внуката на Сократ и Ордан
и вие

кои саноќ зјапате во небото
и ја бележите месечината

како се мени на четирипати во месецот
и пазите кај заоѓа и кај изгрева сонцето,

и кога јадете плод
пуштате сок по брадата да капе

за да и кажете благодарам на земјата
Ете вие и јас

Луѓе
Среќници сме прави

Со такви дедовци и татковци
И такви кави што сме

Самите
Вљубеници  

Со замижани очи и разголени срца.
Благодарам
 
illustration: La Primavera, Boticelli
 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa