ПИЛЕ

Сега не е утре
и сега не е вчера,
сега е тука
овој мирис,
од жегата и силното испарување,
оваа музика што се меша
со штурците,
гласовите на деца кои играат и
баба која го довикува своето внуче,
мракот кој се спушта,
стегањето во пределот на градите,
што го викаат болка,
пу Ана,пу за мене,пу за сите,
криенка-миженка,
диши-издиши,
залутана пеперутка која кружи
околу лустерот
јас-клопче во аголот на каучот
што ги плете мислите
и расплетува,
плети-расплети
плети-расплети
плети-расплети
...........................
Вчера поминало
утре не дошло,
а тоа што притиска во градите
и што го викаат болка,
ќе го прекрстам
во ,,пиле,,
и ќе го пуштам да летне.



Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa