ШТО БЕШЕ - БЕШЕ


Кога сум еднина,
осетив страв скриен,
дека тоа поминува

и пак ке се расстројам 
и ќе ме фати очај,
го фатив тој страв
како ми лази под кожата како морници,
невидлив за голо око,
освестен под микроскопот
на будниот внатрешен
станар на ова тело
цело кога е,
со се едно,
вода воздух земја оган,
бели облаци кога пловат на сино небо,
на ветер плови свежина,
милина.
И тој,
стравот,
тука седнат
чека
да скокене на вратот мој
и да ме стегне...
Му реков
дај да се разбереме
ко стари пријатели и непријатели
јас се пуштам, ти прај што знаеш
со себе,со мене....без мене....
Рече стравот
Страв ми е
Без глас ,рече....
и нешто друго може рече
Не го чув
Не го слушам
Кој беше, што беше-беше
Што беше-помина


 
 
 







 
 

 
 







 
 
 
 
 
 



 
 
 












 
 
 


 
 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa