Вон зборовите

Зборови запишани
на стар возен билет
на релација
од некаде до некаде
кој знае каде и кога и зошто,
се заборавено...
Запишаните зборови
ги запаметиле чувствата
на некое заборавено време.
Како сок за растварање
чувствата
ја обојуваат сегашноста
толку силно
што собата станува
црвена
како сок од малина.
Во тој обоен простор
од чувства,
се враќаат сликите
запишани во зборовите.
Кој не ја знае моќта
на зборовите,
нека молчи.
Кој ја знае моќта
на зборовите,
нека молчи.
Кој молчи нека не кажува
зошто молчи.
Тајната е скриена вон зборовите.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa