ЗИМСКА


 
 


Потемнува небото.
Зимски проретчен декор
Во глетката.
Сиви замаглени слики
И голи гранки
Наседнати од црните птици...
Реже студено по кожата
Како гребнатинка од рапав ѕид..
Само што не прокрварело,мислиш,
Но неболи
Убаво е.
Старо кутре околу контејнерот
Проверува со носот
Дали некој оставил пратка
За него.
Сосем исушени лисја
Се тресат над мојата глава
Тврдокорно закачени на своите места.
Рој подвижни светла
Го започнуваат своето ново
Лајт  шоу
За оваа ноќ.
Маѓепсува
Тој редослед на слики
И чувството дека некаде
Во некоја соба
Едно ќумбе
Грее за тебе наместо сонцето.
Го одложувам
За уште пет
Уште пет
Уште пет чекори...
Можам цела ноќ
Со денови
Со години
Можам да ја гледам
Подетинето
Таа промена
На нештата
Без да додадам и одзеам
И без
И со
И во
Да се претопувам
Да се соединувам.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa