четвртак, 12. децембар 2013.


КАКО СЕ ВИКАШЕ ТОА


Трогнатост ли се викаше

Тоа

Кога ке дојде

Нешто невидливо со голо око

До градите

Ќе ти ги откопча

Од првото до третото копче

Ќе се мушне под кошулата

Под кожата

И подлабоко

Внатре

И ке врти околу срцето

Ќе врти, ќе врти

Ќе собере се

Ќе превтри

Ќе дигне во недоглед

А на местото

Ќе се чувствува загреаност

Како од малечко сонце

Вградено в оградите

И тоа сонце

Нема никогаш да зајде

Трогнатост ли се викаше...



photo: Summer, Afternoon, Home. by ĒTHANEA
 
 

0 коментара:

Постави коментар