ВКРСТУВАЊЕ


Точката во која

Се згуснува перцепцијата

И другите

Имаат видливи недостатоци

Е истата онаа

Во која правиме обид

Да ги прошверцуваме своите.

Надриуката вели

,,биди помудар од себе си,,

Да...но тоа важи

Само ако си

Таков каков што си
Засакан самиот себе одвнатре

Со прегратка

Која ги обвиткува
Километарски броените клетки

Фатени за рака
Во облик на човек.

illustration: Lieke van der Vorst

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa