МЕТАМОРФОЗА



Што се случува
во овој наш универзум
додека јас се ослободувам
од грдиот плакар,
што прави некој шеик
со бел долг фустан
неколку жени во харемот
А што прави
една африканка
со метален гердан
кој и го издолжува вратот
А претседателот на некоја
светска сила
дали спие мирно
во своите шарени пижами
покрај сопругата
со ботокс во образите.
И што ќе правам јас
кога ќе ги фрлам
сите непотребности од мене?
ќе остане празен простор
желен
да го оформам
според себе си.

 


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa