ОТИ СУМ ДЕТЕ


Ја играш играта
Без да те брка стравот
Оти никој нема да те игра
Ако навистински си играш....

....нема сеќавање,
детството
сеуште трае.....
Голем си оти си мал.
Кроиш мапи
Како да стигнеш
До врвот на
највисоката планина
за да го допреш небото.
Мижиш пред сонцето
За да ти ги скокотка
Очните капаци
И имаш смелост
Да се погледнете во очи
Со него
На заоѓање.
Упорно го носиш
Чорапот со дупче
За да го пуштиш
палецот
Да те ѕирка
Кога си сам...
Оти сум дете....ете.

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa