КАКО ДА СЕ ИЗЛЕЧИШ ОД КОМПЛЕКСОТ НА ПОСЕБНОСТ
И напиј се
Постви ја масата
И јади од празен прибор
Облечи си
Замислена облека
И оди во место
Како да одиш некаде
Седни на столче
Замислено стави го појасот
И летај со авион
Ти си никој
И ништо не правиш
Се што мислиш дека се случува
Е само твоја замисла
И тоа на сите им се случува
Ти не си ништо посебно
Само СИ
illustration:Daria Petrilli
Коментари
Постави коментар