НА ВИДЕЛИНА


Со  стара канта од сирење

Со одсечен горен дел

И рачка од рѓпсан тел

Ја вадеше баба ми бавчата

Насадена со лути и благи пиперки

Розов патлиџан

Магдонос

Нане

Цвекиња

И сенешто

И јас таму

Научив да копам

И копам до ден денес

По себе си

Некогаш со денови

Ме нема во свеста

Од многу копање

Ми се заарнува во подсвеста

Па еве од таму

Го ископав и ова

Со бавчата на баба ми
 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa