уторак, 03. септембар 2013.


ЧОВЕКОТ Е УНИВЕРЗУМ

(Man is a universe within himself
We are all made of stars)

Еден универзум
со сонце на челото
заљубен самиот во себе
блешти светлина
и обземен од таа радост
прска хармонии насекаде,
што ние ги гледаме како ѕвезди,
а тој ги гледа како луѓе
и ги вика ,,јас,,...
Еден универзум
самиот се огледува во себе си
секогаш одново
неповторливо
во мене во тебе во него.









                                                                                          Brendon Burton - We Are All Made of Stars


0 коментара:

Постави коментар