ВЕТЕР Е ДУШАТА МОЈА


Овој ветер кој дува
е душата моја
која патува
каде сака,
и ги меша лисјата
на аголот од мала уличка,
крај жолта куќа
со број 20,
како мислите
во главата....
А потоа се има ред..
Тие лисја стануваат гнилеж
и храна за земјата
и пак лисја,
а јас
ветер
кој дува лисја
на аголот од мала уличка,
крај жолта куќа со број 20...
до недоглед
дува
движи
ветер
до недоглед






Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa