Постови

ЗДИВ

Слика
Кога дишам со здивот го проверувам пулосот на сите органи кај што минува и кај срцето посебно приметувам дали има рѓосано штрафче и ако здивот мине без пречка   оттаму со брезина на самата себе се шири светлина преку кожата и целата ме обвиткува illustration: "your soul is like a tree" by Christian Schloe

невидлива врвца

Слика
Од мојата прва љубов немам ниту една заедничка фотографија освен болката. Ние живееме на различни страни од сите светови поврзани со невидливата врвца на таа болка која остана подголтната или заробена меѓу левата и десната преткомора на срцето, како пригушен глас на бебе кое се обидува да се расплаче. Се разделивме една вечер без да си кажеме ,,те сакам,, од страв дека нема да добие ехо истото. Тогаш, наместо да бидеме ослободени од страхувањата потонавме во вечната провалија на потрагата по љубовта.

ИМА

Слика
Преку недостатокот Ставам мост До другиот брег на изобилството Имањето е моја мета Целам кон се кое го има Има сонце Има воздух Има земја и етер,има Има ветер И јагоди и цреши има И мириси на сите треви и цветови Има има има И во лето и во зима. Радост Оти има,има. И на сон и на јаве има Кај   што има да наима, Кај што нема да има.   photo: the*Glint - new portfolio online http://www.thegli    

СРЦЕ

Слика
Не само да го покажуваш, Треба да го имаш. И не да те видат. Туку да го имаш За себе си. Сам да си го видиш. И само сам да си го знаеш Да не го заборавиш. И никому да не му го Свртиш со  грб, Ниту ставиш на нос. Ниту подметнеш, Ниту подредуваш, Ниту надредуваш, Споредуваш. Само да го имаш, Така, Без причина и последица, Без умисла, Без заговор, Без изговор. Да го имаш. Туку-така, Туку-така. Да сака.   illustration: Christian Schloe Digital Artwork      

КРАЈОТ Е ПОЧЕТОК

Слика
Стоиме на работ на вселената Изненадени од сознанието Дека работ е излез Во бескрајот. Мислејќи Дека работ е ризично место Сме го одложувале со милениуми Овој миг. Стоиме на работ на вселената На местото за кое сме сонувале Дека ќе стоиме И сфаќаме дека Земјината тежа била само алатка за рамнотежа а не замка која не спречува да го најдеме излезот. Стоиме на работ на вселената На најсигурното место На кое може да се најде човек Околу нас се протега вечноста Како тепих кој се ткае без престан Од памтивек за навек. Мислевме ќе заврши А гледаме како почнува      

ПРОГЛЕДУВАЊЕ

Слика
Живот.понекогаш дожд. Што повеќе од тоа. На чадорот свири музика Од капки. Што повеќе од тоа. Тркалата од колите Се мијат. Небото се огледува во се натопено. Што повеќе од тоа. Пие земјата без насит. Реката зема сила. Живот ,што повеќе од тоа   illustration : "Blooming Life" by Christian Schloe

се плашам..ете не повеќе

Слика
              се плашам како ќе ме разберат другите кога нешто ќе кажам. се плашам каква е нивната слика за мене. се плашам дека ако не им се допадне нешто ќе ме исфрлат од играта. се плашам да мислам на сето тоа воопшто. како кутре што на аголот од некоја улица се стутулило откако некој му шибнал клоца. се плашам и покрај тоа што знам дека другите,она што го разбираат за мене е она што го мислат за себе (не подалеку од тоа) онаа слика која ја гледаат е само онаа која ја имаат за себе. (не подалеку од тоа) ете се плашам толку многу но за чудо, не се плашам тоа да си го признаам пред сите, и не се плашам illustration : "Garden of Melancholia" by Christian Schloe