се плашам..ете не повеќе
како ќе ме разберат другите
кога нешто ќе кажам.
се плашам
каква е нивната слика за мене.
се плашам
дека ако не им се допадне нешто
ќе ме исфрлат од играта.
се плашам да мислам на сето тоа воопшто.
како кутре
што на аголот од некоја улица
се стутулило
откако некој му шибнал клоца.
се плашам
и покрај тоа што знам дека
другите,она што го разбираат за мене
е она што го мислат за себе
(не подалеку од тоа)
онаа слика која ја гледаат
е само онаа која ја имаат за себе.
(не подалеку од тоа)
ете се плашам толку многу
но за чудо,
не се плашам тоа
да си го признаам пред сите,
и не се плашам
illustration : "Garden of Melancholia" by Christian Schloe
Коментари
Постави коментар