КРАЈОТ Е ПОЧЕТОК




Стоиме на работ на вселената

Изненадени од сознанието

Дека работ е излез

Во бескрајот.

Мислејќи

Дека работ е ризично место

Сме го одложувале со милениуми

Овој миг.

Стоиме на работ на вселената

На местото за кое сме сонувале

Дека ќе стоиме

И сфаќаме дека

Земјината тежа била

само алатка за рамнотежа

а не замка која не спречува

да го најдеме излезот.

Стоиме на работ на вселената

На најсигурното место

На кое може да се најде човек

Околу нас се протега вечноста

Како тепих кој се ткае без престан

Од памтивек за навек.

Мислевме ќе заврши

А гледаме како почнува

 

 

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa