понедељак, 05. мај 2014.


СРЦЕ


Не само да го покажуваш,

Треба да го имаш.

И не да те видат.

Туку да го имаш

За себе си.

Сам да си го видиш.

И само сам да си го знаеш

Да не го заборавиш.

И никому да не му го

Свртиш со  грб,

Ниту ставиш на нос.

Ниту подметнеш,

Ниту подредуваш,

Ниту надредуваш,

Споредуваш.

Само да го имаш,

Така,

Без причина и последица,

Без умисла,

Без заговор,

Без изговор.

Да го имаш.

Туку-така,

Туку-така.

Да сака.
 
illustration: Christian Schloe Digital Artwork
 
 

 

0 коментара:

Постави коментар