невидлива врвца

Од мојата прва љубов
немам ниту една
заедничка фотографија
освен болката.
Ние живееме
на различни страни
од сите светови
поврзани со невидливата врвца
на таа болка
која остана подголтната
или заробена
меѓу левата и десната
преткомора на срцето,
како пригушен глас на бебе
кое се обидува да се расплаче.
Се разделивме една вечер
без да си кажеме
,,те сакам,,
од страв дека нема
да добие ехо истото.

Тогаш,
наместо
да бидеме ослободени од страхувањата
потонавме во вечната провалија
на потрагата по љубовта.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa