Постови

ВКРСТУВАЊЕ

Слика
Точката во која Се згуснува перцепцијата И другите Имаат видливи недостатоци Е истата онаа Во која правиме обид Да ги прошверцуваме своите. Надриуката вели ,,биди помудар од себе си,, Да...но тоа важи Само ако си Таков каков што си Засакан самиот себе одвнатре Со прегратка Која ги обвиткува Километарски броените клетки Фатени за рака Во облик на човек. illustration: Lieke van der Vorst

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Слика
Позади   ѕидовите од зборови Позади параванот од сите метафори Стои Неизречена возбуда Од првиот земен здив... И стравот Од   драматичниот ,,влез во реалноста,, преку широко отворената вагина. И никој тоа не го кажува, Како се стресол кога излегол од рајот.

КАКО СЕ ВИКАШЕ ТОА

Слика
Трогнатост ли се викаше Тоа Кога ке дојде Нешто невидливо со голо око До градите Ќе ти ги откопча Од првото до третото копче Ќе се мушне под кошулата Под кожата И подлабоко Внатре И ке врти околу срцето Ќе врти, ќе врти Ќе собере се Ќе превтри Ќе дигне во недоглед А на местото Ќе се чувствува загреаност Како од малечко сонце Вградено в оградите И тоа сонце Нема никогаш да зајде Трогнатост ли се викаше... photo: Summer, Afternoon, Home. by ĒTHANEA    

ПРЕПОЗНАВАЊЕ

Слика
Ооо.... Сум, Па ти си тука И одсекогаш си било. Цело време мислев Дека само Јас Тука, Но и ти, сум, си било тука, Заедно Сме минале се. Толку тивко си било Сум Ти си самата тишина Сум Јас бучам Ти тихуваш Сум Едно сме биле. Сум,едно Јас Сум

ЗИМСКА

Слика
    Потемнува небото. Зимски проретчен декор Во глетката. Сиви замаглени слики И голи гранки Наседнати од црните птици... Реже студено по кожата Како гребнатинка од рапав ѕид.. Само што не прокрварело,мислиш, Но неболи Убаво е. Старо кутре околу контејнерот Проверува со носот Дали некој оставил пратка За него. Сосем исушени лисја Се тресат над мојата глава Тврдокорно закачени на своите места. Рој подвижни светла Го започнуваат своето ново Лајт   шоу За оваа ноќ. Маѓепсува Тој редослед на слики И чувството дека некаде Во некоја соба Едно ќумбе Грее за тебе наместо сонцето. Го одложувам За уште пет Уште пет Уште пет чекори... Можам цела ноќ Со денови Со години Можам да ја гледам Подетинето Таа промена На нештата Без да додадам и одзеа...

САКАМ

Слика
Едно ,,сакам,, Скршено на пола Лепено Со некој слаб лепак Пак скршено И така многу пати Кршено и лепено Додека не се дознало Дека ,,сакам,, Самоодсебе се зацелува Само Кога Тоа Сака. САКАМ  

НА ВИДЕЛИНА

Слика
Со   стара канта од сирење Со одсечен горен дел И рачка од рѓпсан тел Ја вадеше баба ми бавчата Насадена со лути и благи пиперки Розов патлиџан Магдонос Нане Цвекиња И сенешто И јас таму Научив да копам И копам до ден денес По себе си Некогаш со денови Ме нема во свеста Од многу копање Ми се заарнува во подсвеста Па еве од таму Го ископав и ова Со бавчата на баба ми