МУШИЧКА-ДУШИЧКА

Предолго го оставив
да се лади чајот
во чашата,
додека Моцарт ми кажуваше
колку ја љубел жена си.
Една мушичка-душичка
се изгуби во жеската течност.
Мојот прст ја погреба
Опело.
Дувнав,
тоа беше нејзиниот последен лет.
Толку можев да направам
за природата вечерва-
да и благодарам за убавината
на мајкината душичка
....пиејќи спасив
други две-три мушички.



Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa