уторак, 15. мај 2012.


ДРУГИОТ

ДРУГИОТ ТОА СУМ ЈАС, НАРЕЧЕН СО ПОИНАКВО ИМЕ

Го измислив "другиот"
од потреба да си потврдам
дека "јас сум"
"Другиот" е изум
кој треба да се патентира
во агенција за патенти
и потоа,
таа лиценца може да се продава
на оние
кои трагаат по своето "јас",
како рецепт
како огледало
во кое се пронаоѓјаат
антиодговорите
на суштинските прашања.
Со неутрализација на антиодговорите
се добива
чисто "јас"
и кога чистото "јас"
ке се добие од "другиот"
"јас" станува -СПОКОЈ



by Véronique La Perrière M

0 коментара:

Постави коментар