Постови

ПОГЛЕД ПРЕКУ СТОМАКОТ

Слика
          Кога сум гладна,навечер, Месечината ми личи на пица Парче или цела, Зависно во кој квартал е. А кога сум сита Геврекот го гледам Како универзум Кој   exnihilo Ме најадува Ѕиркајќи низ дупката Како одново се создава. Замислувам како мириса   препечениот сусам Баш сега кога и давам предност На природната свежа храна. Да,секоја и чест Само она кутивче со спомени Во фиокарот   на мојот ум Утрово падна И се истурија сите   слики со рецепти Сеќавања и вкусови Така што и да не сакам Знам дека ќе ме разберете Оти, Гладот е хронична состојба Која не се лечи ниту со Пица голема како месечината А   ситоста пак не е ни ситост Туку СЕТОСТ Која   геврекот го гледа Само како Совршена форма.  

Од перспектива на едно

Слика
          (обратна перспектива)   Се оддвоив од сите. И од сите слики за себе се оддвоив. И се видов од онаа страна. И сите ги видов. И се беше едно. И самиот гледач беше едно.      

ВЉУБЕНИЦИ

Слика
(предсократовци пред и по Сократ) Чест ми е да ви соопштам, Луѓе Едно мое сознание, Дека дедото на Сократ Е и наш дедо. Тој имал обичај Да се загледува во небото Со подотворена уста и втренчени очи, И да извикува восхитено. Со саати гледал во огнот, А грутката земја ја бакнувал, Вдишувал со цела плуќа И издишувал Благодарност... После дошол татко му на Сократ Кој бил исто така надарен восхитник И благодарник. Врз сето тоа наследство Од изречени благодарности И воскликнати воздишки Дошол Сократ Кој се удостоил да го испие отровот Како чаша еликсир Знаејќи дека по него Ќе се раѓаат уште безброј такви Како дедо ми Ордан овчарот Кој додека ги пасел овците И свирел со шупелчето Во друштво на славеите Си мирисал росна трева И си ги галел ливадите со млади пупки и цутови и ете после татко ми расен вљубеник во животот јас внуката на Сократ и Ордан и вие кои саноќ зјапате во небото и ја бележите месечината ка...

ПЕТАРПАНСТВОТО

Слика
  Од сите страдања Кои ги спознав Најтешко може беше Растењето. Како ,,томос,,моторче Кое пали на педала Пробаш милион пати И еднаш конечно Запалува, Почнуваш Да растеш, Ама пак си дете. photo: Maia Flore ,Sleep Elevations      

СМЕШНА

Слика
Со сестра ми и се смеевме на смртта. Игравме мртовец Со рацете наместени на гради ,миженката. Кога   ќе се наместевме Ја викавме мајка ми За да не погледне со прекор. И тогаш следеше Најгромогласната смеа. Смешна беше смртта,навистина. Особено зошто сите ја сфаќаа сериозно. Дента кога умре прабаба   ми, На сто години, Ние ја игравме истата игра за последен пат. Не научија сериозно да ја сфаќаме смртта И да се плашиме. Се плашиме од сознанието Оти Ние сами си ја предвидуваме смртта. Во тишината, Знаеме која е точката Кога ке се разминат Телото и духот Во трката по бескрајот. Но сигурно дека Кога ќе се сретнеме Со неа п ак ќе се насмееме. photo  by David Henry Williams

РАСТЕЊЕ

Слика
Баба ја маѓосуваше манџата Со нане и други мирудии Дедо вртеше по радиото Да фати чист глас И некој таму кажа : Точно е 12 часот Зборува радио Титов Велес Јас ја читав “ Галебот Џонатан Ливингстон ” И памтам тогаш Колку напреднав во летањето После макавме од манџата И се радувавме колку е слатко Луткото во неа. Нешто вечно има во сликите со радост Кои се множат низ времето. Си макам од манџава И си мислам... Сеуште напредувам во летањето.   illustration: anna magruder        

СЕКОЈ САМ СО СЕБЕ(ВО СЕБЕ) Е.

Слика