Постови

ЅИРКАЧ

Слика
Универзумот има дупче Низ кое Можеш Да се набљудуваш себе си Во сите можни ситуации Одеднаш. Самиот да се шпиунираш Себе си И на ливче Да си ја запишеш тајната Како се создаваат нови универзуми Кога ке се осмелиш Да излезеш низ тоа дупче Ке влезеш дирекно Во нов универзум Кој има дупче И ти пак ке ѕиркаш Низ него Додека не се осмелиш да излезеш Од него И да влезеш во другиот До бесконечно....   photography: Masao Yamamoto    

ОГЛАСНА ТАБЛА

Слика
   

РАЗГОВОР СО БОЛКАТААААААА......

Слика
Болката Сакаше да ми каже нешто И почна Да тропа во мојата глава Се обидуваше да стега кај вратот Како да сака да отвори Некоја врата ... Мислам сака нешто да ми покаже .... Потоа се качи погоре кај темето..врвот на главата И чукаше долго време како да отвара дупка За да ме поврзе Дирекно со вселената... Мислев... Потоа пак се врати кај вратот И ми правеше чувство дека Во стомакот ми се буричкаат дневните џваканици На крај Вреснав во плач Од неиздржливост и Ништо повеќе не разбирав Што сака да ми каже Таа сила која заробена останала во моето тело Заради некои Пречки во транспортот на енергијата Од едниот крај на светот до другиот....(Врвот на прстите) Наеднаш Стишување На таа бура Почуваат да мрдаат екстремитетите Многу течности Пријавени во влез и излез.... И на електронското известување за текот на овој разговор во делот за заклучоци п...

ВКРСТУВАЊЕ

Слика
Точката во која Се згуснува перцепцијата И другите Имаат видливи недостатоци Е истата онаа Во која правиме обид Да ги прошверцуваме своите. Надриуката вели ,,биди помудар од себе си,, Да...но тоа важи Само ако си Таков каков што си Засакан самиот себе одвнатре Со прегратка Која ги обвиткува Километарски броените клетки Фатени за рака Во облик на човек. illustration: Lieke van der Vorst

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Слика
Позади   ѕидовите од зборови Позади параванот од сите метафори Стои Неизречена возбуда Од првиот земен здив... И стравот Од   драматичниот ,,влез во реалноста,, преку широко отворената вагина. И никој тоа не го кажува, Како се стресол кога излегол од рајот.

КАКО СЕ ВИКАШЕ ТОА

Слика
Трогнатост ли се викаше Тоа Кога ке дојде Нешто невидливо со голо око До градите Ќе ти ги откопча Од првото до третото копче Ќе се мушне под кошулата Под кожата И подлабоко Внатре И ке врти околу срцето Ќе врти, ќе врти Ќе собере се Ќе превтри Ќе дигне во недоглед А на местото Ќе се чувствува загреаност Како од малечко сонце Вградено в оградите И тоа сонце Нема никогаш да зајде Трогнатост ли се викаше... photo: Summer, Afternoon, Home. by ĒTHANEA    

ПРЕПОЗНАВАЊЕ

Слика
Ооо.... Сум, Па ти си тука И одсекогаш си било. Цело време мислев Дека само Јас Тука, Но и ти, сум, си било тука, Заедно Сме минале се. Толку тивко си било Сум Ти си самата тишина Сум Јас бучам Ти тихуваш Сум Едно сме биле. Сум,едно Јас Сум