петак, 28. септембар 2012.


СЕ ВИКАШЕ ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ А БЕШЕ СОБИР НА АЛХЕМИЧАРИ

Таму кај што
конецот е тенок
и се кине,
не е ни арно ни лошо.
Се е минливост,
сите облици се менуваат
еден во друг,
ништо не е конечен облик
овде,
во овој
театар на сенки.
Никогаш ништо
не сваќај лично,
и
не прави претпоставки.
Кој го може тоа
расте секој ден
по еден прст.
Ова е она
кое јас
си го кажувам
на себе си
кажувајќи ви го вам.
Се огледувам...
Се што видов
кај вас,
сум јас.
Нека бидам јасно огледало
за сите
кои сакаат
да си погледнат
себе си во очи.



art by beth hoeckel

            KATSUO




0 коментара:

Постави коментар