БЕЛА
Оцрнето е името на една жена
од памтивек ....за навек.
Оцрнето е
името на секоја жена.
Среде бел ден,
безболно,
на бела табла
со бела креда
напишав
ЖЕНА.
Кој
ке го прочита
ке ја открие
тајната....
на безболието...
лесна како ....
да храниш птица
од својата дланка...
паѓа пердув....
Жена е начин
да
се
БИДЕ....
Радост...
p.s.: Поздрав за другарките Ева и Лилит...
PHOTO:Arnold Genthe, Dancer Margaret Severn, 1923
Коментари
Постави коментар