ПРЕГРАТКА

Убав е светот
погледнат
преку рамото
во прегратка
додека некој
ти го милува грбот,
а градите
ти се положени
врз тело
кое диши....
слушаш срце како чука
и чавки кои одат
на спиење гракајќи,
дедо крив-куц
се движи низ мракот
кој се спушта....
мириса вечерата
од некој прозорец..
Убав е светот
погледнат од прегратка

art by Jules Julien,Pats to sleep





Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa